На 1 октомври свечено беше одбележан првиот академски час на Економскиот факултет во Прилеп. Деканката на Факултетот, проф. д-р Татјана Спасеска им посака срдечно добредојде на новите бруцоши и упати честитки за направениот избор, со искрени желби за успешна академска година.
Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски ја поздрави 65-та генерација на бруцоши на најстарата високообразовна институција во рамките на Универзитетот и им упати порака континуирано да го надоградуваат знаењето и да ги користат мобилностите во рамките на алијансата COLOURS и активните меѓународни мрежи во коишто членува Факултетот.
Во текот на церемонијата свечено беа доделени стипендии од Општина Прилеп и стипендии од бизнис секторот односно од компаниите: Комфи Ангел, Прилепска пиварница, ВИК Македонија, Кули и Еуролинк осигурување за студентите запишани во прва година на прв циклус студии во академската 2025/26 год.



















