Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп го објавува повикот за второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, што ќе се одржи во јуни 2026 година!
По успешното прво издание, повторно го отвораме просторот за нови драмски гласови, свежи идеи и современи македонски драми.
„Драмолетање“ е платформа што ги поврзува авторите со театарските институции, режисерите и продуцентите – место каде што драмите добиваат крилја за својот сценски лет.
Пријави се со свој оригинален драмски текст до 1 март 2026 на: dramoletanje@mtf.com.mk
Повеќе информации и услови за пријавување: www.mtf.com.mk
Ако драмскиот текст е основата врз која се градат моќни претстави, тогаш „Драмолетање“ е лет што треба да го врати македонскиот драмски автор на заслуженото место – на македонската театарска сцена.














