СОРАБОТКА СО ДРУГИ ФАКУЛТЕТИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во периодот од 13 – 15 октомври, на Економскиот факултет во Прилеп престојуваше проф. д-р Венцислав Диков од Димитар А. Тсенов Академијата по економија од Свиштов, Бугарија.  Професорот одржа предавање пред студентите на Економски факултет- Прилеп.

Исто така, гостинот оствари работна средба со деканката, проф. д-р Татјана Спасеска на која што дискутираа за можностите за продлабочување на соработката во областа на наставата и науката меѓу двете институции.

Деканот на Економски факултет – Прилеп, проф. д-р Татјана Спасеска заедно со професорите д-р Драгица Оџаклиеска, д-р Анета Ристеска Јанкулоска и д-р Емилија Ѓорѓиoска на 16-ти и 17-ти октомври присуствуваа на свечената академија по повод одбележување 65 години од основањето на Економскиот факултет – Ниш, Србија.

Со цел интензивирање на соработката, Деканот на Економски факултет – Прилеп, проф. д‒р Татјана Спасеска и деканот на Економски факултет – Ниш, проф. д‒р Владислав Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка кој поддржува повеќе облици на соработка меѓу Факултетите од областа на наставата, истражувачката работа и проектната соработка.


Сподели на социјалните мрежи