Професионалниот снимател Горан Попоски години наназад создаваше документирани филмови за објекти и настани во Прилеп. Овој портал ќе ги објавува нив за потсетување и информирање.
Сега ви даваме можност да го проследите документарниот филм „Ах“, кој е посветен на Саат кулата во Прилеп, а истиот е добитник на наградата „Златна Камера 300“.
Филмот всушност ја пренесува приказната за структурата, историјата и работата потребна за одржување на механизамот на саатот. Во истиот има и приказни на луѓе кои растеле покрај саатот, но и тие кои денес го одржуваат.
Линк до документарниот филм














