ВРБЈАНСКА ЧУКА: ЗРНО ПО ЗРНО, ПОГАЧА

Сподели на социјалните мрежи

На изложбата што беше отворена за локалитетот Врбјанска Чука се претставени околу 120 предмети и сознанијата од мултиплицинарните истражувања изведени во последните 10 години, а кои заедно ги работеа Завод и музеј Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата на локалитетот Врбјанска Чука. Една од главните насоки на проучувањето на ова наоѓалиште било да се применат повеќе научни пристапи со што подобро би се разбрале луѓето во минатото и просторот во кого тие живееле.

На локалитетот Врбјанска Чука откриен е најголемиот неолитски амбар во Европа. Оваа уникатна архитектонска целина за чување и обработка на житото е сочинета од еден голем реципиент и осум помали сандаци во должина од околу 4 метри.

Овој амбар е одличен пример за тоа како практичната и симболичката улога се преплетуваат во неолитот, и како тие се во релација и со другите предмети користени во церемонии и ритуали. Еден таков предмет (жртвеник) е најден токму во овој амбар и тој го краси плакатот за изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“.

Изложбата е отворена во просториите на Завод и музеј Прилеп и заслужува да биде посетена.


Сподели на социјалните мрежи