МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА 2025

Сподели на социјалните мрежи

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп со низа активности го одбележа месецот на книгата. Највесело и најубаво беше кога библиотеката беше полна со мали посетители кои се запознаваа со библиотеката, книгите и начинот како да се биде член на оваа институција. Библиотеката ја посетија учениците од ООУ „Круме Волнароски“ – Ново Лагово, подрачното основно училиште ,,Кочо Рацин“, ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, а учениците од третите одделенија од ООУ „Кочо Рацин“ покрај посетата и запознавањето со библиотеката и книгите, читаа свои лични творби на тема „Мојот сон“, покажувајќи креативност, имагинација и љубов кон пишаниот збор.

Извор: ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп


Сподели на социјалните мрежи