ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГОРДАНА СИЛЈАНОСКА – ДАВКОВА ПОКРОВИТЕЛ НА 60-ТО ИЗДАНИЕ НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Сподели на социјалните мрежи

Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ,,Војдан Чернодрински”, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје оствари средба со Претседателката на Македонија Гордана Силјаноска – Давкова.

„Со претседателката разговаравме за фестивалот и ја презентирав идејата и концептот за јубилејното издание и таа одлучи да биде покровителка на фестивалот. За мене и за фестивалот посебно значи дека се маркира и позиционира како најзначајниот и најстариот театарски фестивал во Македонија, дека е препознаена вредноста на истиот и дека треба да го чуваме како реткост “ –  рече Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ ,,Војдан Чернодрински”.

60-то јубилејно издание на фестивалот ќе се одржи од 12 до 19 јуни следната година под провокативното мото ,,Храбриот нов театар”. Дејан Дуковски ќе биде автор во фокусот на јубилејното издание.

Фотографиите се преземени од FB профилот на Претседателката Гордана Силјановска – Давкова


Сподели на социјалните мрежи