Ноќ,
доцна е,
се чувствуваш преморен
од патиштата кои си ги изодел,
од бурите кои те зафатиле,
од неправдите кои те повредиле.
Сепак немој,
немој да го гаснеш светлото…
Знам
тешко е,
сакаш очите да ги затвориш,
мислите да ги смириш,
срцето да си го затоплиш,
душата да ја одмориш.
Сепак немој,
не гасни го светлото…
Ако го изгаснеш
да го запалиш веќе не ќе можеш,
ако го изгаснеш
назад нема враќање.
Затоа
остави го
да можам да те пронајдам,
до тебе да долетам,
рака да ти подадам,
рани да ти залечам.
Знам
тешко е,
се чувствуваш осамен,
се чувствуваш измамен,
скршен, изнемоштен.
Ама издржи,
стрпи се,
немој да се откажеш.
Немој да го изгаснеш
тоа мало пламенче
кое патот ќе ми го покаже
и ќе ме доведе до тебе.
Затоа немој,
не гасни го светлото
во твојата душа,
немој,
не губи ја надежта..
Андриана Ристеска, автор!














