ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во сабота вечер (15.11.2025) Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп, во големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе одржи годишен концерт. Вакви концерти традиционално реализира кон крајот на секоја година презентирајќи го сето она што го постигнале и научиле во изминатата година. На овој концерт ќе настапат 150 деца, сите членови од 4-те групи на културно уметничкото друштво. Покрај прилепските играорци публиката во Домот на културата ќе ги види и играорците од КУД „Топлица“ од Прокупље, Р. Србија кои се гости на овој концерт. Со Културно уметничкото друштво „Топлица“ од Прокупље втора година по ред КУД „Мирче Ацев“ остварува размена на концертни турнеи. Играорците од Прилеп во Прокупље ќе бидат од 13 до 15 декември и со тоа ќе ги завршат активностите предвидени за 2025 година.
Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп всушност е интерпретатор на традиционални народни игри и песни од сите краеви на Македонија. Овој ансамбл е оформен во 1947 година. Во досегашната работа има покажано видни резултати и освоено многубројни награди. Во текот на своето постоење членовите на овој ансамбл реализирале преку 5.000 концерти, како за граѓаните на Прилеп, така и на многу смотри и фестивали, во државата и во странство.


Сподели на социјалните мрежи