Проектот „Еко иновациски хаб“ е прв ваков центар во регионот кој ќе ја обедини технологијата, креативноста и еколошката свест. Тој се реализира со средства од Програмата за инвестирање во животната средина 2025 на Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој проект како резултати ќе донесе формирање на современа лабораторија за еко-иновации опремена со најнова 3Д технологија, иновативни обуки и практична работа за студенти, наставници и млади претприемачи, ќе создаде средина каде што идеите се претвораат во одржливи производи и решенија за заедницата.
Деновиве се реализираа и првите едукативни сесии посветени на развојот на еко-иновациите, циркуларната економија и одржливото претприемништво.
Преку четири интерактивни сесии, студентите имаа можност да се запознаат со современи концепти и практични пристапи за градење на одржливи и иновативни бизнис модели, засновани на еколошка одговорност и дигитална трансформација.
Проектот го раководи проф. д-р Мери Бошкоска, а финансиското управување го води проф. д-р Моника Ангелоска Дичовска. Со овој проект, Факултетот станува центар на знаење, технологија и одржлив развој – место каде младите таленти ја создаваат зелената иднина на Македонија!















