11-ТО ИЗДАНИЕ НА „БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛОТ“

Сподели на социјалните мрежи

Во Битола моментално се реализира 11. издание на „Битола Шекспир фестивалот“ кој започна на 14 ноември, а последната претстава ќе биде изведена на 21 ноември. Годинава фестивалот се одржува под мотото „Стореното не може да се поништи“ , а на иститот ќе се прикажат претстави од – Полска, САД, Хрватска/Англија, Бугарија и неколку претстави од македонски театри и продукции. „Битола Шекспир фестивалот“ е значаен меѓународен културен настан што го афирмира делото на Вилијам Шекспир преку современи сценски јазици и иновативни режиски пристапи. Сите претстави во рамките на фестивалот се бесплатни за публиката, што овозможува широка достапност до театарската уметност.
Почетокот на овогодинешното издание на Шекспир Фестивалот беше со претставата „Макбет“ во режија на унгарскиот режисер Иштван Сабо, на Народниот театар Битола, а за одбележување е дека на тој ден Народниот театар Битола прослави 81. година од неговото формирање.
Наредниве пет дена публиката може да ги посети и доживее следните претстави:
17.11 – “Крал Лир” – “Lit Moon Theatre”, САД, режија: Џон Блондел, со почеток од 20 часот;
18.11 – “Еволуцијата на распадот” – „Артема театарска лабораторија“, Македонија Скопје, Македонија, режија: Дамјан Димовски ,почеток 20 часот;
19.11 – “Само ти(и)ја / Only You (and I)” – “Тим Театар”, Македонија, режија: Војо Цветановски, почеток 20 часот.
19.11 – “Ричард III” – НУ Народен театар Битола, Македонија, режија: Мартин Мирчевски, почеток 21 часот;
20.11 – “Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – “Hani-Tong Theatre”, Хрватска / Англија, режија: Филип Пар почеток 20 часот;
21.11 – “Како што милувате / As You Like It” – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Бугарија, режија: Габор Томпа (Романија) почеток 20 часот.

Бидете дел од магијата на Шекспир во Битола, посетете го 11-то издание на „Битола Шекспир фестивалот“.

Сцена од претставата „Макбет“ , на Народниот театар Битола


Сподели на социјалните мрежи