Овие денови прилепската публика ќе може да проследи проекција на два филма во киното „Мис Стон“.
На 20 ноември 2025/ четврток/ од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ ќе се прикажува филмот „Ветена земја“. Станува збор за историска драма чија премиера беше минатата година. Режисер на овој филм е Николај Арцел, улоги Мадс Миккелсен, Аманда Цоллин и други, а трае 127 минути. Филмот е всушност приказната за данскиот војник и истражувач Лудвиг Кален, кој го истражувал и одгледувал данскиот див Јитланд, кој сега го опфаќа огромното мнозинство на земјата, во средината на 18 век.
Во сабота пак 22 ноември 2025/ сабота/ од 12.00 часот во истото кино „Мис Стон“ ќе се прикажува извонредниот филм анимација „Поплава“, кој е добитник на Оскар за најдобар анимиран филм, „Златен глобус“ и други филмски награди. Овој филм е во режија на Гинтс Зилбалодис, а трае 85 минути. „Филмот ја носи приказната дека мачката е осамено животно, но бидејќи нејзиниот дом е уништен од голема поплава, таа наоѓа засолниште на брод населен со различни видови и ќе мора да се здружи со нив и покрај нивните разлики. Во осамениот брод кој плови низ мистичните преплавени пејзажи, тие се движат низ предизвиците и опасностите од прилагодувањето на овој нов свет“ – стои во најавата за филмот.
Влезниците за филмовите се продаваат на билетарницата од киното секој работен ден од 10.00 до 13.00ч. и од 17 до 19.00 ч. и еден час пред проекцијата на филмот.














