„ТРИ“ – ПРВА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРЕТСТАВА НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ЗА ДЕЦА

Сподели на социјалните мрежи

На 20 ноември 2025/ четврток/ од 11.00 и од 12.00 часот, по повод Светскиот ден на детето во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „ТРИ“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца.
Главната тема е современата еколошка катастрофа што ѝ се заканува на нашата планета. Трите самовили — Розе, Лила и Синка, кои ја надминуваат јазичната бариера меѓу јазикот на тишината и говорниот јазик на Ѕвонко Бонбонко, стануваат пријатели и заедно се обидуваат да го исчистат расфрланиот отпад што се наоѓа насекаде.
Нивната мисија е да го сортираат отпадот и да го одложат во соодветни канти за рециклирање, со цел за живеење во здрава средина — со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста почва за одгледување здрава храна.
Оваа претстава веќе четири години е активна на македонската сцена со цел на децата кои припаѓаат на глувонемата заедница да им понуди да уживаат во театарската уметност на нивниот мајчин јазик, односно македонски знаковен јазик.
Во претставата, актерите паралелно говорат и интерперетираат на македонски знаковен јазик. Претставата има дидактички карактер, во кој децата во интеракција со актерите ја учат знаковната македонка азбука.
Автор и режисер на претствата „Три“ е Јован Ристовски, костимограф: Марта Дојчиновска, маскер: Стефанија Илиевска, а играат: Сандра Грибовска, Маја Андоновска Илијевски, Анастазиа Христова и Никола Пројчевски. Тутор по знаковен јазик Сузана Станоевска. Претставаѕа е подготвне во Продукција: АТО Центар Битола, а гостувањето е поддржано од GIZ North Macedonia во соработка со Ambassade de France à Skopje.


Сподели на социјалните мрежи