Во сабота, 22.11.20205 година, во 18.30 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Прилеп ќе се промовира романот „Semper Idem“ од Ѓорѓе Лебовиќ една од најпотресните и најреиздавани книги во Србија со 19 реизданија. Модератор на настанот и разговорот со преведувачката Катица Гароска ќе биде Александар Еленин.
„Semper Idem“ е автобиографска книга, роман-хроника за едно детство во Кралството Југославија пред Втората светска војна, потресна приказна раскажана од перспектива на сеќавањата на едно дете кое го преживеало логорот Аушвиц за неговото доживување на приближувањето на „Големата пропаст“ – ширењето на нацизмот во својата околина и во Европа.
Но, „Semper Idem“ е и приказна за универзалните вредности – добрината, љубовта, човечноста – кои во животот на Лебовиќ како дете се појавувале како зрак на надеж од најдлабокиот мрак на поблиската историја на човештвото.














