Нова групна изложба на 26.11.2025 /среда/ во 19 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Ова ќе биде изложба на академскиот вајар Славчо Павлоски (Прилеп) и студентите на ФЛУ Бранко Манчев, Ванеса Ода и Вероника Цветаноска..
Модерната уметност е изразителен и широк поим што содржи различни стилови, техники и концепции во уметноста од почетокот на 20 век. Таа се разликува од класичната уметност, поради својата иновативност, експериментирањето и фокусот на современите теми и искуства. Оваа уметност често го претставува духот на современоста и реакциите врз социјалните, политичките и технолошки промени.
Проектот ја претставува модерната уметност во скулптурата, графиката и сликарството, изложба која ги претставува разновидноста и комплексноста на модерната уметност, вклучувајќи различни стилови, техники и изразни средства. Исто така вклучувајќи ги и необичните и неочекувани моментни во делата, чисто авторски и експериментални. Вклучувајќи ја линијата, плохата и експресивноста на боите, ни објаснува за експерименталноста на авторите во своите подрачја. Различните аспекти на гледање на делата од страна на авторите во оваа многуоблична дејност, е токму тука претставена со различни техники и медиуми. Исто така се очекува од гледачот да ја разбере таа експерименталност која го следи целиот проект.
Со изложбата се истражува богатата разновидност и креативна комплексност на модерната уметност, вклучувајќи ги трите основни медиуми на уметноста. Преку различни авторски изрази, изложбата ги осветлува необличните и експериментални аспекти на овие уметнички форми.














