НЕ ПРАШУВАЈ МЕ

Сподели на социјалните мрежи

Не прашувај ме од каде знам,
не прашувај ме како знам
не прашувај ме.
Патешествијата мои долги се
патиштата уште подолги
животот краток,
а сепак толку долг…

Не прашувај ме од каде знам,
не прашувај ме што знам
оти ништо не знам,
а сепак сè е таму некаде длабоко,
таму некаде закопано,
затишено
чиниш запишано
ко книга стара со избледени
и влажни страници
демек в раце ќе ти се распадне.

Не ме прашувај како знам
таа стара книга со многу страници
таа стара книга чува сè,
не ме прашувај од каде знам
не ме прашувај кој ми кажал
животот ете тој раскажал.


18.11.2025
Марија Симоноска
Прилеп


Сподели на социјалните мрежи