Кога ќе пресуши перото на поетот,
неговите стихови ќе останат да
шетаат по светот,
ќе стивне ветрот низ неговите трепки и
светлоста ќе згасне во неговите очи.
Кога ќе престане да пее поетот,
неговите рими ќе се родат низ дождот,
оти тој знае дека ќе се вратат,
ќе паднат на земјата да ја оплодат,
ќе се наполнат езерата и водотеците,
ќе се излеат понорниците низ изворите,
ќе се изронат низ солзите
на оние што остануваат да тагуваат,
да споменуваат.
Кога ќе стивне гласот на поетот,
неговите стихови ќе одекнуваат
во насмевките на новото пиле,
во плачот на новото детераѓање,
оти кога ќе замине поетот,
неговите стихови ќе танцуваат со водата,
оти таа знае се’, таа памети се’,
таа ќе ги чува неговите стихови
запишани во тефтерот на животот.
И не жалете го, избришете ги солзите,
насмејте се,
оти тој низ своите стихови запишал и
испеал многу повеќе отколку што вие
низ многу векови ќе проживеете.
Снежана Паноска
# Од НЕОБЈАВЕНАТА Стихозбирка „СТИХОРЕД“














