Марјан Стојаноски роден е во Прилеп 1983 година. Во Скопје завршува средно образование во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” и Факултетот за ликовна уметност. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул” од друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби во земјава и странство. Живее во Прилеп, каде што и работи во Центарот за култура „Марко Цепенков”.

































Ако сте заинтересирани за некои од овие дела испратете ни e-mail на clubdenica@clubdenica.mk и ќе Ви воспоставиме контакт со авторот.














