ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „МОДЕРНИ И МНОГУОБЛИЧНИ“

Сподели на социјалните мрежи

Синоќа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата „Модерни и многуоблични“ на академскиот вајар Славчо Павлоски (Прилеп) и студентите на ФЛУ Бранко Манчев, Вероника Цветкоска и Ванеса Ода.

Пред полниот салон со вљубеници во ликовната уметност за изложбата, делата на уметниците и авторите зборуваше Каролина Мицевска.

Изложбата ја претставува модерната уметност во скулптурата, графиката и сликарството, ги претставува разновидноста и комплексноста на модерната уметност, вклучувајќи различни стилови, техники и изразни средства. Исто така вклучувајќи ги и необичните и неочекувани моментни во делата, чисто авторски и експериментални. Различните аспекти на гледање на делата од страна на авторите во оваа многуоблична дејност, е токму тука претставена со различни техники и медиуми.

Оваа изложба е само потврда на вештината и големината на академскиот вајар Славчо Павлоски, но и најава на младите студенти од ФЛУ како уметници кои доаѓаат. Очекуваме нови дела и изложи од овие автори.


Сподели на социјалните мрежи