ПРЕМИЕРНА ИЗВЕДБА НА „ЦРНИЛА“

Сподели на социјалните мрежи

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ на 29.11.2025 (сабота) премиерно ќе ја изведе претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски. Претставата ќе се прикажува во адаптираниот сценски простор „Сцена 105“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Ова е камерна претстава со лимитиран број на места за публика, но таа е веќе поставена на репертоарот и ќе има неколку прикажувања во следниот месец. На денешната прес конференцијата Директорката на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Марија Попова Јованоска кажа:„ Ова е втора премиера што ја реализиравме годинава, но воедно и претстава што носи силна симболика за нашиот тим затоа што создадовме сосема нова сцена, во сосема нови услови, и работевме со многу посветеност, креативност, ентузијазам и со верба дека театарот секогаш ќе најде начин да живее.“. „Црнила“ беше претставена како претстава која не старее, а Коле Чашуле како писателот кој го создаде современиот македонски драмски јазик. Оваа претстава финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам.
На режисерот Дејан Пројковски, оваа му е прва претстава која ја работи во прилепскиот театар. Тој ја пофали актерската и целокупната театарската екипа и одличната соработка со нив.
„Црнила е еден од лајт мотивите или би рекол еден голем рефрен во македонската драматургија кој што всушност зборува за лекциите кои што тешко ги учи Македонецот низ историјата. Работејќи ја оваа претстава постојано имав една мисла , едне реченица во главата, Македонец уби Македнонец за Македонија“ рече режисерот Пројкоски зборувајќи за претставата. Тој кажа дека претставата се занимава со судирот меѓу индивидуата и колективот, со личната среќа, љубовта и моралот, но и со поделбите како најголемата болка во македонската историја. Исто така Пројковски кажа дека театарот треба да биде храбар и да зборува за темите што сите ги знаеме, но често ги премолчуваме.
Во создавањето на новата претстава „Црнила“ учествуваше следниот тим: режија Дејан Пројковски, сценографија: Валентин Светозарев, костимографија: Марија Пупучевска, музика: Горан Трајкоски, драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, дизајн на плакат – Сергеј Светозарев, а од актерите настапуваат: Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески и деца: Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа


Сподели на социјалните мрежи