Сите мисли и помисли- се зголеми дното.
Сите молитви и прекори- згасна родот.
Сите деца,
и деца на мајки,
и мајки на татковци,
и браќа на новороденчиња,
и сестри на војници,
и родители на храброст,
и редица сила,
и редица молк,
и сите во крик,
и сите со очи жигосани.
Се распосла нова тага,
се досели нов страв,
се прероди нова жар.
Се зароби сон.
Се одвлечка плод.
Се откорна дрво, се потури барут.
Се потомори вода, се полеа жива кал.
Се турна сонце, се полеа жива кал.
Се помрачи небо и уште еден слој жива кал.
И труби фанфари,
и тапан метален.
Бело знаме, црвена пот.
Бело знаме се крева.
Црвен нишан,
преку вода одраз од месечина.
Еден ден, ноќ за пребегување.
Една ноќ – кошмар.
Сонува ли човек за немир,
или пак немирот ни го крои сонот?
Тажалка стана утрото.
Солзи не полнат извор.
Извор нема.
Телесна брана за криење на огнот.
Огнот згасна.
Утре пак.
Деспина Сиљаноска














