ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ЛИНИСКА СТРАТИГРАФИЈА“

Сподели на социјалните мрежи

Синоќа во Ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата „Линиска Стратиграфија“ од уметникот Давид Атанасоски. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Пред присутните во Ликовната галерија изложбата и авторот ги претстави Каролина Мицевска. Присуството на вљубеници во уметноста на овој настан само уште еднаш потврди дека Прилеп ги сака ваквите културни настани, а радува тоа што често во ликовната галерија изложуваат прилепски уметници.
Давид Атанасоски роден е во Прилеп 1995 година. Во 2018 година завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство со конзервација и реставрација. Член е на меѓународната организација за уметност и култура Нарративе Мовементс, досега има повеќе самостојни изложби во повеќе градови во државава и странство, а исто така учествувал и на повеќе групни излоби во државава и странство.
Објаснувајќи за изложбата, за современата графичка пракса ,меѓу другото авторот Давид Атанасоски вели: „Отпечатокот станува момент на присуство, визуелен запис на трансформацијата на волуменот во двомерна, но концептуално експанзивна, визуелна форма“.


Сподели на социјалните мрежи