ПОЗНАВАВ ЕДЕН ЧОВЕК

Сподели на социјалните мрежи

Познавав еден човек.
што ме чита во душата,
како да ја отвори
со нежност што не боли.
И кога ме рануваше
го правеше тоа тивко,
и знаеше како да ја залечи истата рана,
само со еден поглед.

Познавав еден човек со очи
кој носат се што минало,
сешто е изгубено,
се што може да се именува,
се што никогаш не сум сакала
да заборавам.

Познавав еден човек што имаше соништа.
Големи, диви, немирни соништа,
што го носеа над хоризонтот,
и понекогаш го оставаа зад себе,
со мене што го чекав,
со мене што се плашев од празнината што ја остави.

Познавав оној што заминуваше,
а секој пат се враќаше,
како да времето е негово,
како да не постоеше оддалеченост,
како да не постоеше изгубеност.
Секој пат мислев дека ќе остане,
секој пат верував дека останува,
и секој пат се враќаше со истото лице,
со истиот мирис,
со истиот начин да ме гледа
како да не сум се променила.

Познавав.
Сега можеби не го познавам.
Сега можеби е се што не сум знаела.
Се што е спротивно на она што го сакав.
Се што ме плаши,
и се што ме љуби,
и се што не можам да го допрам.

Можеби е тука.
Можеби е далеку.
Можеби е сеќавање,
или празнина.
Можеби е се што сум заборавила
да го сакам,
или се што сум сакајќи го загубила.

Познавав еден човек.
И се уште го познавам,
во тишината што остана,
во солзите,
во секој сон што го чекам да се врати.

Викторија Стојовска


Сподели на социјалните мрежи