ТРИ ДЕНА МУЗИКА – ДВЕ СЦЕНИ – ЕДНА МАГИЈА

Сподели на социјалните мрежи

Под мотото „Три дена музика – две сцени – една магија“, Основното општинско музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ ќе одржи три последователни концертни вечери на 3, 4 и 5 декември 2025 година.
Учениците од различните инструменти ќе се претстават со внимателно подготвена програма, преку која ќе ја покажат својата музичка посветеност, труд и талент. Концертите ќе се одржат во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“, и во просториите во музичкото училиште со почеток од 17:30, 18:30 и 19:30 часот.
Настанот е отворен за јавноста и претставува одлична можност љубителите на музиката да уживаат во три вечери исполнети со младинска енергија, креативност и уметничка инспирација.


Сподели на социјалните мрежи