УТРЕ НАУТРО

Сподели на социјалните мрежи

На 6.12.2025 (сабота) во 19.00 часот во кино „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се прикажува филмот „Утре наутро“ — македонски долгометражен филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи.
Филмот претставува моќна и емотивна приказна за човечките избори, последиците и внатрешните судири меѓу личната вистина и притисокот на општеството.
Проектот е реализиран истовремено и како филм и како мини-серија од 5–6 епизоди.
Во центарот на приказната се две жени – млад лекар и сопруга на поранешен премиер – кои се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати. Во атмосфера на политичка игра, притисоци и моќ, тие се борат за опстанок во мала земја во источна Европа.
Улоги: Нина Деан, Ирена Илиевска, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев и др.
Времетраење на филмот: 1 ч. и 30 мин.
Влезници за филмот секој ден од 10.00 – 13.00 ; и 17.00 – 19.00 часот на билетарницата од киното „Мис Стон“ и еден час пред проекцијата на филмот.


Сподели на социјалните мрежи