Во периодот од 28 до 30 ноември 2025 година во хотел „Белви“ во Охрид, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола успешно реализира обука и конференција насочени кон развој на современи претприемнички компетенции и поттикнување примена на напредни технологии во современиот бизнис, во рамки на проектот NanoBioTech Nexus.
Тридневните настани беа фокусирани на темата: Providing entrepreneurial training, mentorship and assistance to the start-/scale-ups selected within the Talent Engagement Center.
Програмата вклучи предавања и интерактивни сесии водени од професори од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола и Економскиот факултет – Прилеп. Меѓусебна интеракција на учесниците и целосната усогласеност со визуелниот идентитет на проектот, поттикнаа продуктивна и динамична средина – што овозможи квалитетна размена на знаење и практични искуства. Учесници добија брендирани материјали и сертификати за успешно завршување на обуката, а целокупниот настан беше поддржан со професионална фото и видео документација и дигитални материјали за дополнителна едукација. Реализацијата на оваа конференција ја потврдува посветеноста на УКЛО кон поттикнување на иновациите, претприемништвото и примената на современи технологии, создавајќи силна основа за развој на младите истражувачи и стартап тимови во земјата.



















