Новогодишен базар во нов, свечен формат, манифестација која со право го носи името „Прилепска празнична приказна“.
Оваа година, Прилеп ќе живее во вистински празничен дух, со богата седумдневна програма, во периодот 24-31.12.2025 година, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.
„Посебна благодарност упатувам до компанијата „Витаминка“, покровител на Новогодишниот базар, која во годината која ја очекуваме одбележува 70 години постоење, а сега ќе внесе волшебство и празнична магија во нашиот базар.
Ве покануваме да го започнеме најубавиот период од годината и заедно да ја испешеме најубавата Прилепска празнична приказна“- истакнува градоначалникот Дејан Проданоски.














