Спасителу,
чувај го ова богослужение
колку пати е само палена.
И иконата на Мајка
Богородица штити ја.
Во лето
манастирот е полн луѓе
кои бараат спас.
Во голема карпа меѓу
ѕидовите
почнува литија
во чест на Богородица.
Се шири мирисот на
темјанот
и црквеното пеење,
одекнуваат по рамна
Пелагонија.
И, најголема мајко,
изгони ги сите зла,
никој да не ни наштети
и од болести и уроци
да не чува и излече.
Помогни да бидеме
подалеку од невољите.
Ние православните
не можеме
без црквена служба
и молитва.
Господ е нашиот владател…
На враќањето
им шепотев на Марковите
кули…
И тие нас не чуваат
од искушение и гревот.
Манастирот Трескавец
за Македонија е драгоцен.
Со мир во срцето и полна
душа.
Се враќам во Србија,
со Бог задоволен,
со радост прославува
и гледа дека е вистина,
се моли пред иконата
на Богородица.
Автор: Весна Стојкоска
Белград, Србија.
Родена во Прилеп, Македонија.














