ДВОЈНА ПРОМОЦИЈА НА ТОНИ ПОПОВ И ЈОРДАН КОЦЕВСКИ

Сподели на социјалните мрежи

Во четврток, 11.12.2025 година, во „Тротоар“ во Прилеп со почеток во 18:30 часот ќе се одржи промоција на книгите „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ на Тони Попов и „Договорот“ на Јордан Коцевски. Настанот ќе биде „back to back“ промоција, во која авторите меѓу себе ќе се промовираат и разговараат за своите дела, творењето и инспирацијата, како и простор за дружење и разговор со авторите.
„Договорот“ на Јордан Коцевски е кус роман, вознемирувачка приказна за љубовта, предавството и стигмата околу самоубиството, што го соочува со читателот пред најтешките прашања за душата и моралот. Книгата е во издание на „Антолог“.
„Ми се чини дека некаде слушнав дете“ е стихозбирка на Тони Попов, која е исклучително визуелно моќна и буди внатрешни слики и сеќавања, а е лесна за читање затоа што е исполнета со смисла. Книгата е издание на „Креативна верига“.


Сподели на социјалните мрежи