На 15.12.2025 година (понеделник) со почеток во 20:00 во Центарот за култура „Марко Цепнеков“ – Прилеп, на Сцена 105, ќе се прикаже претставата „За нас почнува живот“. Билетите можат да се купат на билетарницата на НУЦК ,, Марко Цепенковʼʼ – Прилеп секој работен ден од 10.00до 12.00 и од 17.30 до 20.00 часот, во сабота од 10.00 до 12.00 часот, почнувајки од 11.12.2025 година.
За претставата
Еден маж и една жена. Два живота. Еден заеднички пат – стрмен, полн со предизвици и сомнежи. Тие ги носат своите болки, соништа и неизговорени прашања во обид да стигнат до врвот – до она место каде што „животот конечно почнува“.
Но што ако животот навистина започне токму во моментот кога најмалку го очекуваме – со добивка од милион на лото?
И што ако токму тој пресврт ги отвори најтешките двери?
„За нас почнува живот“ не е бајка. Таа е огледало – искрено, болно и нежно. Во него не гледаме совршенство, туку вистински луѓе со големи соништа, заглавени меѓу идеали, разочарувања и потрага по среќа.
Претстава која се занимава со тишината помеѓу двајца, со зборовите што остануваат недоизговорени и со љубовта која опстојува дури и кога е кревка.
Ова е приказна што ќе ве насмее и растажи истовремено.
Приказна што потсетува дека животот понекогаш почнува токму таму каде што мислевме дека завршува.
Авторска екипа
Автор: Ѓерѓ Шпиро
Режија: Дејан Пројковски
Улоги: Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви
Музика: Горан Трајкоски
Костими: Марија Пупучевска
Плакат и видео: Стојан Стојановски
Не пропуштајте ја оваа интимна, силна и актуелна приказна за нас – луѓето.














