НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ „ВИЕНА ВО БИТОЛА“

Сподели на социјалните мрежи

На неколку денови до Новогодишниот концерт „Виена во Битола“ ви ги претставуваме изведувачите кои ќе имате можност да ги видите на сцената на Центар за култура – Битола: Битолски Оркестар ДИВА, НУ Камерен Оркестар на Битола, , Марија Наумовска Бакрески, Јелена Јовановиќ (Србија), Тамара Ангеловска, Првенци и солисти при Македонската Опера и Балет и Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“.
Оваа година ќе се одржат два концерти и двата концерти се веќе распродадени:
Првиот почнува во 19:00 часот
Вториот почнува во 21:00 часот
Сите изведувачи, заедно на една сцена, ќе го донесат духот на виенската новогодишна традиција – со најубавите валцери, полки и свечени оркестарски дела.
Настанот ќе биде изведен под диригентската палка на маестро Владимир Димовски, кој повторно ја обединува битолската музичка сцена во празничен спектакл за паметење.
Ова ќе биде вечер полна со елеганција, музика и вистинска новогодишна магија.


Сподели на социјалните мрежи