На 20 декември 2025 година, со почеток во 19 часот, во Кафе „ЛУВР“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Слоеви – Скулптура / слика 2025“, проект кој преку современата скулптура/слика ја истражува слоевитоста на формата, просторот и човечкото битисување.
Кураторскиот концепт на група уметници од Друштвото на ликовни уметници од Прилеп, ја поставува слоевитоста како суштински процес во создавањето на едно уметничко дело – од имагинацијата и визијата на уметникот, до раслојувањето на формата кое води кон препознатлива уметничка целина. Изложбата претставува повик за ново просторно читање на уметничкото дело и за продлабочено разбирање на уметничката илузија која нè следи во секојдневното трагање по идеалната форма.
На изложбата учество ќе земат уметниците:
Марјан Стојаноски
Емил Солески
Методи Исков
Маја Ралева Миладиноски
Лепа Милошевска
Дарко Талески
Верче Николоска
Елена Димоска Николоска
Филип Јовески
Филип Перески
Публиката ќе има можност да го доживее овој визуелен и концептуален процес на „листање“ на формата и бојата, како пат кон највисоката точка на препознатливост.














