ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ „УМЕТНИЦИТЕ ВО ЧЕСТ НА СВ. НИКОЛА“ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во четврток, на 18 декември 2025 година, со почеток во 14:30 часот, во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата на икони насловена „Уметниците во чест на Св. Никола“.
Изложбата се организира по повод патрониот празник на град Прилеп, а во ликовниот салон ќе бидат претставени икони од современи македонски уметници, преку кои се истражува иконата како традиционална духовна и ликовна форма, со нејзината симболика, естетика и значење во современиот културен контекст.
Годинава, пред прилепската публика со свои дела ќе се претстават еминентните творци Славица Михаилова, Дејан Макаријоски, Николче Српчански, Васко Ѓоргиев, како и ателјето „Теракотни икони Серафим“.
Изложбата претставува значаен културен настан кој ја збогатува празничната програма во градот и овозможува поширок увид во современите пристапи кон иконописот како форма на уметничко изразување.


Сподели на социјалните мрежи