На 26 декември, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура – Битола ќе се одржи предновогодишен концерт на еминентниот македонски музичар Павле Камилоски. Настанот, кој е синоним за празнична атмосфера и квалитетна музика, годинава за првпат ќе се oдржи во Битола.
Павле Камилоски е препознатлив по својот специфичен вокал, сценска харизма и умешност да ја спои класичната музичка естетика со современиот звук. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, најпознати музички дела и празничен дух, што овој концерт го прави вистинска најава за претстојните новогодишни празници.














