Во сабота 27 декември во 11 часот во кино Мис Стон при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе има проекција на филмот „Биби и Боби во светот на бајките“. Влезници за филмот можат да се набават секој работен ден од 10.00 до 12.00 часот на билетарницата од киното и еден час пред почетокот на проекцијата.
Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките“ е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица“, „Биби и вретеното“, „Биби и зрното грашок“ и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)“ која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.
Фимот е по сценарио на Билјана С.Црвеновска, во режија на: Гоце Цветаноски, Јосип Здравсковски и Димитар Аризанов, Арт дирекција: Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а времетраењето на филмот е 45 минути.














