ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“ ВО НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“ – ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на 29 декември 2025 година (понеделник), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на новиот број на „Стремеж – списание за литература, уметност и култура“, втор засебен број за 2025 година.
Новото издание на „Стремеж“ веќе официјално излезе од печат, носејќи ја симболичната порака за копнежот, надежта и духовното трагање, како метафора за творечкиот и културниот стремеж што со децении го негува списанието.
Форматот на промоцијата е замислен како непосредна читачка афирмација на дел од содржините објавени во списанието. Во програмата ќе учествуваат пријатели, соработници, гости и автори, преку интерпретации на поезија, проза и драма, како и разговори за литературата и културата во поширока смисла.
Од НУЦК „Марко Цепенков“ и уредничката редакција на „Стремеж“ упатуваат покана последните мигови од 2025 година да се поминат во опуштена, пријателска атмосфера, со дружење и културна размена, со што симболично ќе се заокружи и издавачката дејност за оваа година.
Новото издание на „Стремеж“ претставува и драгоцен предновогодишен подарок за издавачот, уредниците и читателите. Првите примероци веќе стигнаа до читателската публика, а официјалната промоција во Прилеп е дел од планот за негова поширока афирмација.
Што носи „Стремеж“, година 71, број 2 (2025):
• Коста Бојчески – „Чудесен лек“ (драма, целосна верзија)
• Јанис Кесаридис – „Сотирис и Маријанти“ (расказ, превод од грчки: Марија Думба)
• Ѓоко Здравески – кратки раскази (избор)
• Георги Господинов – избор песни од збирката „Таму каде што не сум бил“ (препев: Никола Маџиров)
• Бранислав Николов – песни (избор)
• Петар Чухов – „Безопасни игли“ (хаику, избор и препев: Владимир Мартиновски)
• Избор песни од пет грчки поети/поетеси (Јанис Рицос, Тасос Ливадитис, Марија Полидури, Торис Никифору, Катерина Гогу) – препев: Сотирис Минас
• Марина Мијаковска – песни (избор)
• Сергеј Есенин – пет песни и пригодна белешка по повод 130 години од раѓањето и 100 години од смртта (препев и текст: Елена Карпузовска)
• Разговор на Иван Антоновски со Сотирис Минас
• Александра Огнаноска – „Кон творештвото на вечниот оптимист Билјана Црвенковска“
• Љупчо Михајлоски – „Хармонично многугласие: интермедијално патување низ географијата и емоциите“ (рецензија)
• Роберт Конески – „Христијанско-етичките аспекти на циклусот ‘Проложни_житија’ на Блаже Конески“
• Огист Роден – „Аманет“ (до уметниците), превод: Александар Еленин


Сподели на социјалните мрежи