ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ПОЕЗИЈАТА И МУЗИКАТА

Сподели на социјалните мрежи

Синоќа, во пријатниот амбиент на Кафе-галерија „Лувр“, се одржа настанот замислен како македонско-полска поетско-музичка вечер „Одаде и отаде“ – наслов зајмен од стиховите на Петре М. Андреевски.
Оливера Андоноска ги воведе присутните во клучниот термин околу кој се гравитираше вечерта – пеената, односно испеаната поезија и за ваквата традиција во Македонија и во Полска, како две земји во фокус на настанот.
Поезија од македонски и од полски поети и поетеси, меѓу другите и од Блаже Конески, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Вислава Шимборска, Кажимјеж Пшерва-Тетмаер, Јулијан Тувим, Марија Павликовска-Јасножевска, читаше Габриела Стојаноска, а гостите имаа можност да уживаат и во музиката од овој поетско-музички жанр.
Настанот беше поддржан од Општина Прилеп, а го реализира „Ма продукција“.


Сподели на социјалните мрежи