ПОЧИНА ГЕОРГИ СТАЛЕВ ПОПОВСКИ

Сподели на социјалните мрежи

ИН МЕМОРИАМ – Георги Сталев Поповски (Витолиште, 22 април 1930 – Скопје, 30 декември 2025)

Друштвото на писателите на Македонија ја информира јавноста дека минатата недела, на 30 декември 2025 г. во деведесет и петтата година од животот нè напушти најстариот член на писателската асоцијација, Георги Сталев Поповски: поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки.
Сталев Поповски завршил Филозофски факултет во Скопје. Помеѓу другите ангажмани, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Бил член на ДПМ од 1956 година, првиот член на Друштвото примен во Асоцијацијата по заслуга на своите достигнувања како книжевен преведувач. Бил добитник на голем број награди, помеѓу кои (двапати) наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ (МЕС-Сараево, 1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на град Скопје „13 ноември“.
Георги Сталев Поповски е актуелен како еден од авторите на збирката раскази „Она што се памети живее“ („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ (2025), во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на таткото Стале Попов, корифејот на
македонскиот роман. Вечна му слава!

Извор: Друштво на писатели на Македонија

„Клуб Деница“ најавува дека во текот на 2026 година ќе има серија на текстови, емисии и настани за животот и делот на Георги Сталев Поповски.


Сподели на социјалните мрежи