Храмот „Св. Преп. мчца. Параскева (Св. Петка)“ – Прилеп ја известува јавноста дека прогласувањето на победниците и свеченото доделување на наградите од Божиќниот награден конкурс ќе се одржи на Бадник, 06.01.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, на платото пред храмот „Св. Петка“.
Финалето на Божиќниот конкурс ќе биде збогатено со празнична музичка програма, во која ќе настапат:
хорот „Св. Петка“,
градскиот детски хор „Мали ангели“ и
хорот при ООУ „Св. Климент Охридски“.
Храмот „Св. Преп. мчца. Параскева (Св. Петка)“ – Прилеп ги поканува сите учесници, нивните родители, ментори и сите граѓани на Прилеп да присуствуваат и заедно да ја сподели радоста на Божик, прославувајќи ја детската креативност, уметноста и празничниот дух.
Да потсетиме по трет пат беше распишан БОЖИЌНИОТ НАГРАДЕН КОНКУРС за литературна и ликовна уметност, на кој право на учество имаа учениците од основните училишта во Општина Прилеп. Овој празничен конкурс беше можност за сите основци од општина Прилеп да го изразат својот талент преку збор и боја, и да го почувствуваат Божиќниот дух преку создавање.














