И оваа година повторно, по 16-ти пат, се организираат возобновените Бадникови поворки во Прилеп. Оваа година поворките се одржуваат под мотото „Со Божиќната радост, срца да стоплиме“. Интересот за поворките од година во година е се поголем. Пријавени се повеќе од 300 дечиња. Поворката започнува од Камената бина во 12:30 часот на 06.01.2026 (вторник) каде што децата ќе се соберат за да тргнат во најголемата поворка до сега. Поворката ќе направи круг во центарот на градот и повторно ќе се вратат на Камената бина. Тука ќе ги отпеат песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рожденство Христово”.
Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Дечињата ќе бидат симболично наградени по завршувањето на поворката.
Настанот го организира Здружението „Бадникови поворки“.















