Вечерва (8 јануари) со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура-Битола ќе се одржи големиот Божиќен концерт со кој ќе се празнува раѓањето Христово „Свет, Свет, Свет“.
Овој концерт го организира Општина Битола заедно со Центарот за култура и Културниот и информативен центар. Тоа е концерт на народни и црковни божиќни напеви. Настапуваат:
Благојче Трајковски – кларинет
Никола Трајановски – виолина
Филип Михјлоски – канон
Гоце Ристески – лаута
Петар Христов – уд
Коста Стевановски – контрабас
Пеце Трајковски – перкусии
Вокални изведувачи :
Горан Трајкоски
Ана Митоска
Тања Царовска
Петар Христов














