ЗБОРОВИТЕ , Снежана Паноска

Сподели на социјалните мрежи

Бидете внимателни со зборовите
што ги кажувате.
Тие немаат дом штом ќе ти
излезат од устата.
Талкаат по светот од уво до уво
и ќе ти се вратат поголеми од
оние што си ги кажал.
Бидете внимателни со зборовите
пред кого ги кажувате.
Тие повеќе не се твои штом ќе ги изговориш.
Можеби со добра намера биле кажани,
ама велат –
Патот до пеколот е поплочан со добри намери.
Размислете пред да кажете,
избројте до десет, издишете,
можеби некого ќе повредите, навредите.
Внимателно погледнете кој има околу вас,
кој слуша внимателно, а кој со добра намера
прислушкува за да ги пренесе понатаму,
за да не ви се вратат извртени и да ве повредат.
Зошто тие, зборовите,
подобро е да ги премолчите
отколку да ги изустите,
помалку ќе ве боли главата од некажаните
и премолчените,
отколку од кажаните, пренесените
вратените и од главата ти удрените.

Снежана Паноска

# Од НЕОБЈАВЕНАТА Стихозбирка  „СТИХОРЕД“


Сподели на социјалните мрежи