Во конкуренција од 27 учесници од 13 држави во втората категорија на WAF CONTEST- WAF AWARDS 2026, Михаела Пурдеска од Прилеп, вокален солист, го освои првото место, и настапи на Гала вечерта, во концертната сала од хотелот Хилтон. Михаела и овојпат се одлучи за исклучително тешка песна за изведба на вакви интернационални музички натпревари. Таа ја изведе песната „Once Upon a December“, во интерпретација на Lizz Callaway, позната тема од анимираниот филм „Анастасија“, со што уште еднаш го потврди својот вокален квалитет и сценска зрелост.Во подготовките за настапот значајна поддршка имаше од својот ментор Денис Димоски, чија стручна работа и посветеност имаат голем удел во нејзините континуирани успеси.
Ова беше нејзин четврти настап на овој интернационален фестивал на млади вокални таленти, каде досега има освоено вкупно четири награди – две први и две втори места, резултат што ја вбројува меѓу најуспешните учесници на фестивалот.
На WAF CONTEST- WAF AWARDS 2026 годинава во Скопје учествуваа 50 вокалисти поделени во 5 возрасни категории.




















