На 23 и 24 јануари од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. .Ова е наградуван, силно визуелен и медитативен филм, откупен од National Geographic.
„Приказната за Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.














