ПРИЛЕП ДА СЕ ПОЗИЦИОНИРА КАКО ВАЖНА КАРНЕВАЛСКА ДЕСТИНАЦИЈА

Сподели на социјалните мрежи

Во просторииите на Општина Прилеп, денеска беше остварена значајна работна средба на градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (ФЕЦЦ), г-дин Ларс Алгел од Шведска, и потпретседателот на федерацијата, Александар Цицимов. На средбата, со градоначалникот биле и претставници од тимот на општината задолжен за организација на карневалот „Прочка“.
Во фокусот на разговорите биле можностите за позиционирање на Прилеп како важна карневалска дестинација на европската културна мапа, како и подготовките за Карневалот „Прочка 2026“, кој Општина Прилеп има за цел да го подигне на уште повисоко меѓународно ниво. Планирано е карневалот да добие зголемена меѓународна видливост, поголем број учесници од земјата и странство.
Од Општина Прилеп истакнуваат дека Прилеп, со својата традиција, автентичен дух и препознатлива енергија, заслужува да биде препознаен како град на карневалот, културата и туризмот.


Сподели на социјалните мрежи