STEND UP СПЕКТАКЛ ВО ПРИЛЕП – ДВЕ ПРЕТСТАВИ ВО ЕДНА ВЕЧЕР

Сподели на социјалните мрежи

На 31.01.2026 (сабота) во 19.00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи Stend Up спектакл -две претстави во една вечер по цена од една претстава. Публиката ќе има можност да ги гледа “БРЗО, ВИКАЈ ПОЛИЦИЈА” – со лудите Миле Џандарот и Гиле Гилиптерот како и хитот на вечерта ERROR 404 со Жарко Јовановиќ.
Организаторите ветуваат урнебесна комедија со ликовите Миле Џандар и Гиле Гилиптер. Миле Џандар е полицаец од стар ков кој се решава во име на законот, државата и пендрекот! Гиле Гилиптер е класичен македонски мативода, и шмекер и лажго, и бизнисмен и преварант. Проблемите настануваат кога Миле Џандарот ќе мора да ги реши лоповот, моторџијата, манијакот, пироманот, терористот и краварката од Паланка! Тогаш всушност настанува урнебесната комедија!
Жарко Јовановиќ ќе и понуди на публиката да се смее и ужива со шоуто ERROR 404. Која е нашата фабричка грешка? Кај и да се стисне се е “ERROR”… Држава во ERROR, Жаре во ERROR, Европа во ERROR.. Како е да се живее животот во ERROR, на публиката ќе и каже Жарко, познат по неговите имитации. Овој пат со ново оригинално соло шоу.
Организаторите ветуваат добра амтосфера и многу смеење.За да обезбедите резервации и карти јавете се на 078234282 и 071222011, во кафе Стори, кафе Кодекс, кафе Пулс и слаткарницата Шар, како и на https://mktickets.mk/event/sup/


Сподели на социјалните мрежи