По повод 110 години од раѓањето на Волче Наумчески – пионерот на македонската поезија
По повод 110 години од раѓањето на Волче Наумчески (18 јануари 1916, Прилеп – 20 март 1980, Скопје), автор на првата стихозбирка целосно отпечатена на македонски јазик – „Иди пролет“ (1939), Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ – Прилеп распишува: Конкурс за ученички поетски творби „Кој не сака пролет?“
Право на учество имаат сите ученици од основните училишта на територијата на: Општина Прилеп; Општина Долнени; Општина Кривогаштани и Општина Крушево.
Конкурсот е поделен во две категории:
• ученици од 3 до 5 одделение
• ученици од 6 до 9 одделение
Во двете категории ќе бидат доделени прва, втора и трета награда.
Тема
Темата на поетските творби е слободна.
Технички услови
• Творбите да се испраќаат во еден документ
• Фонт: Times New Roman, големина 12, со македонска поддршка
• Во документот задолжително да се наведат:
о име и презиме на ученикот
о одделение и училиште
о место и општина
о податоци за менторот или родителот
Испраќање на творбите:
Поетските творби се испраќаат на електронската адреса:
zokumprilep@gmail.com
Краен рок за испраќање: 27 февруари
Награди и признанија
• Сите учесници ќе добијат благодарници за учество
• Наградените ќе добијат дипломи, книги и други пригодни подароциод организаторот
• Ќе биде организиран посебен настан на кој ќе бидат соопштени наградените учесници, со можност тие јавно да ги прочитаат своите песни
ЗОКУМ – Прилеп на сите заинтересирани им посакува многу инспирација и успех!














