МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ“ ВО ШТИП – ШЕСТА ГОДИНА ПО РЕД

Сподели на социјалните мрежи

Здружението за култура и уметност „Уметност за сите“ шеста година по ред го организира престижниот Меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип.
Мотивацијата на сите учесници – натпреварувачи, наставници и ментори – е да ја презентираат и афирмираат уметноста, да го покажат својот долгогодишен труд и талент, како и да воспостават меѓународна соработка со други институции и уметници.
Во рамките на натпреварот, учесниците ќе имаат можност да се пријават во следните дисциплини:
• Класична музика – сите инструменти
• Поп и џез музика
– сите инструменти, вокали и вокални групи
• Народни инструменти и ансамбли
• Теоретски предмети

Пропозициите и формуларот за пријава ќе бидат објавени во текот на наредните денови.
Ова е одлична можност за млади и искусни музичари од Македонија и странство да ги истакнат своите вештини и да се поврзат со интернационалната уметничка сцена.


Сподели на социјалните мрежи