На 3 февруари 2026 (вторник) во 20:00 часот на сцената на НУ Народен театар Битола ќе има исклучителна културна вечер што ги спојува традицијата и современата уметност на Кина.
Сичуанска и Пекиншка опера
Народна музика
Танц
Боречки вештини
Акробатика
Легендарната уметност на менување лица
Настапуваат:
- Сичуански оперски ансамбл
- Универзитет за уметности од Ченгду
- Специјални гости: Театар „Џингџу“ – Пекинг
Уметнички директор: Чен Џилин
Оваа гала вечер е дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ и симбол на културното пријателство меѓу Кина и Северна Македонија.
Оваа претстава е визуелна гозба што ги спојува традиционалната и модерната кинеска уметност.
На сцената оживуваат Пекиншката и Сичуанската опера, народна музика, танц, боречки вештини и акробатика.
Од класичниот приказ на ,,Четирите легендарни убавици,, преку митовите во „Златниот мајмун ја пречекува пролетта“, танцот на ,,Кои Карп,, до магичната уметност на менување лица, програмата го прикажува уникатниот шарм на кинеската култура низ богат и разновиден сценски израз.
Претставата комбинира врвна техника, сценска естетика и современа креативност, создавајќи искуство што ги плени очите, слухот и емоциите.
Влезниците се бесплатни , со тоа што мора да извршите резервација електронски или да си подигнете од билетарницата на НУ Народен театар Битола.




















