Ако некогаш ме нема
а, секако ќе ме снем/а
така како што цвеќе
цвета во пролет,
прецветува во зима
така некогаш
еден ден ќе прецветам и јас.
Можеби во пролет
можеби во лето
можеби во есен
можеби во зима
кога и како сеедно.
Ќе прецветам ко цветот
но, стиховите ќе цветаат
зборовите не прецветуваат
надежта за убаво утре
верата за убави нешта
љубовта да е водилка,
ете тие зборови
за расцутување кај секого,
ете тие нека цутат секогаш
во кое било време.
Нека цветаат само убавини
нека цвета топлина
нека цвета нежноста
нека цвета милоста
нека цвета свесноста
нека цвета скромноста
нека цветаат,
нека не прецветуваат,
нека не прецветува убавиот свет
како прецветаното јас.
Марија Симоноска














